Емотивна објава на таткото на музичарот што загина во пожарот во Кочани – кинат душа овие зборови
Се огласија и пријателите на Ѓорѓи

Претажно…
Таткото на трагично настраданиот тапанар од ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги Ѓоргиев, сподели емотивна порака.
Имено, тој на својот профил на Фејсбук сподели стара снимка на која е неговиот починат син.
Фејсбук/ Драги Ѓоргиев
На снимката се гледа како неговиот син со тапаните ги развеселува гостите, а ужалениот татко напиша:
„Ангелче, срце на тато“ напиша Драги во описот.
Фејсбук/ Драги Ѓоргиев
Тој пред само неколку дена сподели и една тажна објава од една Фејсбук страница од Струмица, посветена на неговиот син.
Секој чекор во неговиот живот беше исполнет со љубов кон уметноста и со почит кон луѓето. Не беше само музичар, беше пријател, брат, сосед, кој никогаш не штедеше време и внимание за другите. Ништо не му беше потешко од болката на друг човек, затоа, со секој свој ритам, се трудеше да го направи светот помалку суров“, пишува во објавата за младиот музичар.
Принтскрин/ Струмица Денес
„Иако физички не е повеќе со нас, Ѓорѓи продолжува да живее, во звуците на секој градски настан, во сеќавањата на пријателите, во топлината на семејниот дом и во секое срце кое некогаш го почувствувало неговиот ритам. Засекогаш со нас, Ѓорѓи“, пишува на крајот од оваа објава на Фејсбук страницата Струмица денес.
Потсетуваме, во големата трагедија што пред три месеци ја потресе Македонија загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.
Инстаграм/ Ѓорѓи Ѓоргиев
Несреќата завеа во црно многу семејства, а покрај младиот тапанар Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица во пожарот згаснаа и животите на пејачот Андреј Ѓорѓиески, еден од главните во ДНК, потоа клавијатуристот Филип Стевановски од Штип, гитаристот Александар Коларов кој исто така беше од Штип, потоа придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков, фотографот Алекандар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо кој беше мошне близок со сите, а посебно со Андреј и Владимир Блажев-Панчо, кој се уште е на лекување.