TVНаши ѕвезди
COVER STORY

Емотивна исповед на Марина Дојчиновса – вечерва, во емисијата Кафе Муабети, само на Гламур ТВ

Вечерва, од 21.15, гледајте „Кафе муабети“ на Гламур ТВ

Advertisement

Откри детали во врска со тоа како се случило прв пат да замине во Пакистан и да ја посети земјата на Хунзите.

Поранешната водителка Марина Дојчиновска, вечерва, во 21.15 часот, во емисијата „Кафе муабети“ искрено зборува за нејзиниот живот, но и за нејзината прва посета на Хунза, земјата каде луѓето имаат најдолговечен живот. И како што вели таа, на ова необично место во Пакистан, се умира од старост, а не од болести. Марина во емисијата за прв пат открива и дека кога се соочила со сериозна дијагноза, токму познанствата што ги стекнала со овие луѓе и помогнале да се справи со болеста, односно како и зошто почнала да го употребува маслото од кајсија во форма на златни капки за кои верува дека многу и помогнале.

Advertisement

Импресионирана од сето она што го видела таму, Марина по враќање во еден момент ќе реши и да ја смени професијата.

Принтскрин/ Јутуб, Гламур

Па така поранешната водителка веќе десетина години успешно ја води својата компанија која е увозник токму на ова масло од кајсии произведено од Хунзите, кое денес може да се најде во нашите аптеки. Таа пред нашите камери открива што е она што најмногу ја имрпесионирало од животот на овој народ, но зборувавме и за многу други теми, од родното место на нејзините, Гари, па се до емотивната врска со маестро Горан Алачки.

Искрената исповест на Марина во емисијата „Кафе муабети“ гледајте ја вечерва, во 21.15 часот, на јутуб каналот на Гламур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button