Вpecка од луксуз: Погледнете ја куќата во која живее Емина Јаховиќ во ИСТАНБУЛ – ќе ви застане здивот од овие фотографии
Изгледа прекрасно…
Пејачката е презадоволна од својот нов дом
Емина Јаховиќ (39) неодамна се пресели од семејниот дом каде што живееше со поранешниот сопруг Мустафа.
Како пто пренесуваат турските медиуми, пејачката сега живее во нешто помал простор, но кој го средила по свој вкус.
Таа очигледно е презадоволна од новиот дом, што може да се забележи и од фотографиите што ги објавува.
„Доме, сладок доме“, напиша таа под една фотографија.
Во просторот доминира белата боја, како и нежните, женствени нијанси, а собите се осветлени заради големите прозори.
Таа долго време го средуваше новиот дом во кој сега ќе живее со своите двајца синови Јаман и Јавуз.
Очигледно дека пејачката водела грижа за секој детаљ и очигледно ништо не сакала да остави на случајноста.
Инаку, Емина неодамна прележа коронавирус, што самата го откри преку своето обраќање на социјалните мрежи,
Таа откри и дека не знаејќи дека е позитивна заминала на зимување со синовите со што ги шокираше сите.
„Бев со децата на скијање. Во еден момент бев изнемоштена и ме болеше грлото, а докторите ми кажаа дека е настинка“.
„И така, не знаејќи, три дена по осум часа скијав додека потполно не го изморив организмот. Се движев заразена меѓу луѓето“, изјави популарната пејачка неодамна преку социјалните мрежи.
„И затоа сум за потполно затворање бидејќи има многу луѓе меѓу нас, кои и не знаат дека го имаат опакиот вирус“ изјави тогаш познатата пејачка.
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ