Емина Јаховиќ конечно ја отвори душата – откри сé во врска со разводот, но и за нејзината афера
Пејачката откри во каков однос е со својот поранешен партнер
Нашето семејство не се сруши, иако не сме заедно. Ќе бидеме добри пријатели, бидејќи тој, пред се е добар човек. Една другарка во една пригода ми кажа ’Избери човек не за кого ќе се мажиш, туку оној од кого ќе можеш да се разведеш’“ – изјави пејачката алудирајќи на тоа дека избрала човек со кого и по развод може да биде во добри односи.
Таа го коментираше и гласините што се појавија во медиумите за причината за нејзиниот развод, односно за нејзината наводна афера со Марко Мишковиќ со кого беше во врска порано. Таа за тоа изјави: „Небулози и глупости за човек кого го немам видено повеќе од 10 години. Навистина бев вознемирена поради таа приказна. Немам ништо да кажам на оваа тема. Тоа ме изнервира, не е убаво ни за мене, ни за него да се прави таков имиџ, особено што тој е во брак“, изјави Емина пред камерите на Пинк телевизија.