Емина се прости со Мустафа, па се огласи на социјалните мрежи – оваа реченица кажува сé!
По веста дека се помирила со сопругот, Емина Јаховиќ Сандал се огласи на Инстаграм со една реченица.
Емина го цитираше познатиот писател Пауло Коелјо: „Ако и понатаму размислуваш за тоа, тогаш вреди да ризикуваш.“ Нејзините следбеници на социјалните мрежи се сложија со неа, а некои посакаа помирувањето со нејзиниот сопруг да потрае и да успее.
https://www.instagram.com/p/BhCmyJlHpFl/?utm_source=ig_embed
Тие во февруари соопштија дека се разведуваат откако ја доживееја најголемата криза во нивниот брак.
Но како што пренесуваат медиумите, наместо да ги потпишат документите за разводот, тие донеле одлука да се простат. Грижата за нивните два сина го зближи повторно и таа сега им е приоритет.
https://www.instagram.com/p/Bg86fyLHuoM/?taken-by=yaemina
Емина деновиве во Истанбул беше заедно со сопругот да го гледа фудбалскиот натпревар на нивниот син како и неговиот прв гол. Нивното заедничко појавување беше повод да се појават гласините дека се откажале од разводот.