Елки, елени и илјадници светилки – Крива Паланка блесна во најубавото празнично издание досега! (фото)

Крива Паланка и оваа година ја претвори зимата во вистинска празнична бајка. Градот повторно блесна во полн сјај со импресивни светлечки инсталации што привлекуваат внимание уште на прв поглед. На секој чекор се гледа посветеноста да се создаде топла, весела и магична атмосфера која ги воодушевува и жителите и посетителите.
Улиците се претворени во светлосни коридори, украсени со долги висечки светилки, дрвјата внимателно обвиткани со светлечки ленти, а на повеќе локации се поставени и големи светлечки лампиони што ја разигруваат вечерната панорама. Главната градска зона е вистински магнет за фотографии, со декоративни инсталации кои блескаат во секоја боја и форма.
Посебно внимание привлекува големата светлечка инсталација со бројките „2026“, поставена како ремек-дело на празничниот амбиент и како најавa за нови надежи и желби. Тука се и куќарката украсена со панделки, романтично осветленото срце, големата новогодишна елка и популарните елени, детали што ја оживуваат празничната магија и создаваат чувство како да сте дел од новогодишна приказна.
Со секоја нова година, Крива Паланка ја потврдува својата репутација како еден од најубаво украсените градови во Македонија, место каде празниците навистина се чувствуваат и доживуваат.
View this post on Instagram




