Реклама
Наши ѕвезди

Првата дама на Македонија се прошета во црно од глава до пети

Реклама

Нашата прва дама вчера беше присутна на премиерата на филмот „Врба“ од Милчо Манчевски.

Фото: Фејсбук/ Врба, филм на Милчо Манчевски

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, за овој специјален настан избра совршена, класична комбинација која е одличен избор за вакви случувања. Имено, таа на црвениот килим на премиерата во Скопје се појави во елегантно црно издание од глава до пети кое го заокружи со црн мантил кој го носеше префрлен преку рамениците, црни хулахопки и класични црни високи потпетици.

Опуштена коса и природна шминка го потполнија ова елегантно, непретенциозно и класично издание.

Маркетинг

Првата дама на премиерата беше заедно со претседателот Стево Пендаровски кој носеше класичен костум во темно сина боја и кошула во посветла нијанса без вратоврска.

Маркетинг

Па, дали ви се допаѓа Бети во ова издание?

Поврзано

Back to top button