Наши ѕвезди

Ели Пешева не сте ја виделе во вакво издание – убавата водителка во костим за капење на зајдисонце

Морска шир, зајдисонце и хедонизам на максимум

Познатата водителка и новинарка Ели Пешева со своите последни објави привлече внимание на социјалните мрежи.

Ели која веќе со години освојува со својата препознатлива насмевка, интересен моден стил и специфични фризури, овој пат ги изненади сите со своите фотографии што ги сподели на Инстаграм.

Имено, Ели која јавноста ја памти по бројните медиумски проекти покажа како си ги полни батериите и се спрема за нови предизвици.

Инстаграм/ Ели Пешева

Таа сподели неколку фотки на кои позираше во костими за капење, по што следуваа и бројни реакции од пријателите.

Посебно привлече внимание со фотографијата со волшебното зајдисонце, но и нејзиното тело „покриено“ со неодоливите бои создадени од разиграните сончеви зраци и нивниот одблесок од морето кои зрачат со оној познат летен нихилистички занес.

Инстаграм/ Ели Пешева

Како Ели изгледаше во ова свое опуштено издание, во близина на брановите и морската шир, погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellie Peseva (@ellie.peseva)

Потсетуваме, Ели веќе долги години е присутна на нашите мали екрани, но и на социјалните мрежи, каде често може да ги видиме и нејзините модни изданија кои никого не оставаат рамнодушен.

Инстаграм/ Ели Пешева

Таа негува специфичен моден стил кој не може да помине незабележано, а препознатлива е и по своите интересни фризури.

Инстаграм/ Ели Пешева

Во последно време актуелна е и со својата најнова јутуб емисија „Reality Check“ со која отвора бројни интересни теми како за помладите, така и за повозрасните, со цел да ги поврзе овие две генерации.

Како оваа наша позната дама изгледаше и во една од своите последни емисии, погледнете од видеото во продолжение…

Поврзано

Back to top button