Водителката на 24 Вести во секси црн костим за капење

Елена Стефановска на својот Инстаграм профил објави фотографија од нејзиниот одмор во Грција, а нам во фокусот ни е нејзиниот костим за капење.

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека едноделните костими за капење се хит ова лето.

ADVERTISEMENT

Својот култен статус го добија во 90-тите особено поради популарната серија „Чувари на плажа“ и сексапилната Памела Андерсон со легендарните кадри во кои трча облечена во црвениот костим за капење. Но Елена, наместо црвен ова лето избра модел во црна боја.

Таа уживајќи покрај морето на својот Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира во преубав едноделен модел, со спуштени раменици и зачинет со карнери, а кој го носеше со тренди жолти старки.

Преку 8 илјади лајкови за само еден ден – Лила Филиповска се соблече во костим за капење и ги сруши социјалните мрежи >>

 

 

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed