Реклама
Блогерија

Што ќе носат македонските модни блогери на новогодишната ноќ: Елена Василевска

Реклама

Македонските модни блогери се оригинални, свежи и храбри.

Елена од блогот Shy but secretly fabulous е една од најмладите македонски блогерки, но иако има само 16 години таа има изграден моден стил и покажува како треба да изгледаат девојките на нејзина возраст.

Маркетинг

Погледнете што ќе носи Елена на новогодишната прослава со пријатели во домашна атмосфера:

Маркетинг

Мислам дека сите треба да останат верни на својот стил, и новогодишниот дочек не е исклучок. Јас обожавам preppy кошулчиња и целиот софистициран но сеуште младешки изглед, па се одлучив за парчиња кои веќе одамна се наоѓаат во мојот плакар. Ако сте во недоумица дали да носите нешто светкаво или пак нешто необично, сетете се дека никогаш не може да се погреши со црно-бела новогодишна комбинација. Мојот избор падна на бела кошула и црно здолниште со висок струк. Пар црни хулахопки, црни чизмички, омиленото плико и стејтмент ланче – совршен избор за надополнување на која било комбинација.

Aвтор: Александра Спасеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button