Наши ѕвезди
COVER STORY

Елена третиот син го роди пред терминот – Мојот сопруг плачеше од среќа и свиреше на свадба (видео)

Плачеше од среќа што му се роди син, но во исто време свиреше на свадбена прослава...

Advertisement

Елена Андоновска е една од нашите најпознати вокалистки и интерпретаторки на македонска етно и народна музика.

Таа е вистински пример дека и без скандали може да се изгради успешна кариера и да се биде на врвот на нашата музичка сцена, а со својот природен шарм и беспрекорен изглед никого не остава рамнодушен.

Advertisement

Но и покрај нејзината голема популарност и тоа што важи за една од омилените пејачки во Македонија, за нејзиниот приватен живот се знае многу малку. Познат е и нејзиниот сопруг, Марјан Андоновски, со кој Елена се познава од тинејџерски години, а долго време се заедно и како дел од „Танец“, каде што и се запознале во нивната младост.

Елена се потсети на овие моменти во емисијата „Кафе муабети“, а во интервјуто сподели и дека токму од нејзиниот сопруг ја има и најголемата поддршка во нејзиниот живот.

Таа искрено зборуваше за нејзината трета бременост кога го доби својот син Лазар, кој предвремено се роди, но и како Марјан морал да свири на свадба, додека таа се породувала во болницата.

Фејсбук/ Елена Андоновска

Имено, Елена се потсети на моментот кога во нејзината трета бременост, која била посакувана, се породила прерано, па морала да ги одложи сите свои настапи што од претходно ѝ биле закажани.

И како што самата открива во емисијата, породилните болки ги добила додека била кај својата пријателка, старосватица, а вечерта заедно со сопругот и нивниот бенд требало да настапуваат на свадба.

Фејсбук/ Елена Андоновска

Но наместо на свадба, Елена завршила во болница, а нејзиниот сопруг дознал дека му се родило машко дете додека свирел.

„Тоа беше многу убав период од животот – се случи мојата трета бременост, сакана бременост. Многу често знам да кажам дека сакав девојче, меѓутоа Господ имал други планови за мене“, раскажа Елена.
Таа исто така додаде дека е среќна со три машки деца, но го опиша и моментот кога ги почувствувала породилните болки.

Буквално, си седев со мојата пријателка на кафе, со мојата старосватица, и си уживавме во нашето пријателско кафе кога мене ми дојдоа болките. Тогаш кажав, ‘Јас ќе се породам’. Ме праша: ‘Како ќе се пораѓаш? Ете така, јас си ги препознавам болките и од тука сега ќе одам да се породам“. Само, викам, прво ќе си го допијам кафето“, вели Елена.

Фејсбук/ Елена Андоновска

И навистина така беше. Си го испив кафето, си отидов пеш до дома. И моите две дечиња беа со мене. И се породив порано..

Таа потоа додаде и дека во текот на деветтиот месец имала резервирано свадби и дека настапувала до крајот на бременоста.

„Настапував бидејќи убаво се чувствував. И тоа на штикли“, вели пејачката, а потоа откри и што се случувало со сопругот за тоа време.

„И дента кога се породив имав исто така договорена свадбена прослава. И барав замена од пред-породилна сала“, се сеќава Елена.

„Беше интересно и тоа што Марјан дозна дека сум се породила кога веќе почна да свири свадбен марш. И тоа беше еден момент кој што до ден денес си го раскажуваме, како тој плачел од среќа затоа што му се роди син, а во меѓувреме свири на свадбена прослава“, открива Елена.

„Се израдува и за себе, се израдува и за младенците. И тоа ќе ми остане како еден хајлајт, а луѓето на кои што тогаш требаше да им настапам на свадба, и дене денес сме во добро пријателство“ раскажа Елена.
Целото интервју со оваа прекрасна дама погледнете го во продолжение:

Потсетуваме, Елена во емисијата го најави и својот голем солистички концерт „Запеало славеј пиле“ што треба да се случи на 15 декември.

Концертот ќе биде вистинско музичко доживување за сите љубители на македонската изворна и модерна фолк музика.

На сцената во Македонската опера и балет публиката ќе биде во можност да ужива во нејзиното најавтентично издание – со мешавина од традиционални изворни песни, преку новокомпонирани фолк хитови и изненадувања со кои пејачката ветува незаборавна вечер за љубителите на убавата македонска песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button