Модната приказна на Елена Трајановска започнува кога таа имала само 13 години.
Прекрасниот шарм на Елена уште од првите чекори на модната сцена е забележан од страна на македонските модни икони Надица Ѓеоргиева и Алек Наумовски, кои веднаш го препознаа нејзиниот потенцијал и убавина.
Покрај агенцијата „Моделс Ин“, денес нејзина матична агенција и е светската Woman, а Јелена Ивановиќ е нејзиниот матичен агент. На светската модна сцена се појави на модната недела во Милано, за потоа веднаш да биде поканета на париската модна недела носејќи ги колекциите на „Oscar Carvallo“, „Didit Hediprasetyo“ и „Laurence Xu“.
Досега се има појавено во многу едиторијали, а нејзината убавина ја пленеше и италијанската публика од насловните страни на престижното италијанско издание на магазинот Вог.
Постојано е ангажирана, без разлика дали се работи за ревии, музички видео записи, телевизиски реклами или едиторијали, а дневно може да има дури и по 15 кастинзи.
Висина: 178 | Обем на гради: 78 | Половна: 60 | Колкови: 89 | Чевли: 39
Боја на коса: руса | Боја на очи: сиво сина
Таа e постојано на релација Парис- Милано-Лондон, каде најчесто живее во апартмани со останати девојки од овие простори, а интересен детаљ за неа е тоа што на раката го има тетовирано ликот на нејзината мајка.
lookbook » |