Елена Ристеска се отвори за разводот, но и за иднината: „Ако фатам помлад дечко ќе речат – види ја бабава!“
„Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов,“ рече директно, без задршка.

Во новата епизода на „Нешто конкретно“, се зборуваше за очекувањата – што животот ни должи, што луѓето мислат дека треба да бидеме, и како ние сами го рушиме сето тоа.
Елена Ристеска беше таа што ја отвори темата најискрено. Ја допре и темата развод.
„Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов,“ рече директно, без задршка.
И додаде дека ако денес фати помлад дечко, уште ќе ѝ залепат етикета: „Види ја бабава!“
Но вистината е поинаква – љубовта нема возраст, а животот не се живее според туѓи табели. На сцената пак, е уште посилна:
„Сите очекуваа да мафтам со пензијата, а јас се појавив на Макфест и покажав дека не сум за во пензија.“
Без комплекси, без потреба да се правда. И кога зборуваше за љубовта, низ смеа рече:
„Порано гледав да е фраер. Сега барам нешто друго.“
Од друг агол на очекувањата, шминкерот Даниел Николовски, покажа дека професионалноста е светиња:
„Ако имам закажана невеста за шминкање, која ѕвезда нека биде – не ја откажувам.“

Професионалноста пред се важи за Антонија Гиговска. Таа во свој стил на правење промени и предизвикување реакции изјави:
„Немам проблем да се сликам топлес!“ – рече без двоумење.
А Даниел шеговито ѝ го „залепи“ прекарот „Антонија Прслуче Гиговска“
И Ване Марковски покажа како очекувањата од јавноста знаат да станат сурови:
„Ми посакаа смрт затоа што застанав во заштита на куче,“ сподели искрено.
Во оваа епизода видовме дека животот е полн со очекувања што другите ги имаат за нас. Но убавината е кога ќе избереш да бидеш свој и ќе бидеш „нешто конкретно“.
Погледнете ја новата епизода: