Наши ѕвезди

Елена пред камерите призна се, но оваа вест ги изненади Македонците – сите зборуваат за оваа дама

Најави концерт за сите генерации, за сите вкусови, и секако за сите љубители на македонската народна песна.

Advertisement

Пејачката на 15 декември ќе го одржи својот голем концерт

Нашата позната етно-фолк ѕвезда Елена Андоновска по долги години го прави свој прв голем солистички концерт во Скопје.

Advertisement

Концертот ќе се одржи на 15 декември во Македонска опера и балет, а самото име „Запеало славеј пиле“ на нејзиниот проект открива дека ова ќе биде вистинско уживање за љубителите на ,музиката.

„Концертот ќе се случи на 15 декември и тоа е мој прв голем солистички концерт. Всушност и насловен е како ‘Запеало славеј пиле’ според еден од моите солистички албуми. Тоа беше вториот албум. Програмата е подготвена, која што ќе треба да се изведе на концертот. Тоа е еден збир на песни кои што се најдоа на сите три носачи на звук започнувајќи од ‘Кој што ме чуе да пеам’, ‘Запеало славеј пиле’ и мојот последен албум ‘Никнало цвеќе шарено’. Се направи една убава компилација од песни, секако тука се и авторските песни кои што јас ги имам изведено на фестивалите наназад повеќе години и дел од нив се наградени и забележани од публиката“, откри Елена неодамна пред камерите во емисијата „Кафе муабети“, а потоа се обиде и во кратки црти да опише што ќе види публиката на концертот.

Принтскрин/ Јутуб

„Се подготвува еден убав да кажам музичко сценски уметнички концепт кој што јас верувам дека ќе наликува на еден музички времеплов. Зошто? Затоа што тоа се песни кои се традиционални македонски –песни, генерално, и ќе ги носам низ еден пат, од онаа база од каде што потекнуваат, нели, од нашата традиција, до она современо време во кое што живееме. Преку авторската музика и преку целото осовремување на песните кои што всушност се дел од албумите и кои што добија соодветен музички аранжман со цел да се доближи до денешницата или до помладата публика. Но сепак да се препознаваат и кај повозрасната публика, ќе кажам дека тоа е концерт со музика за сите генерации, за сите вкусови, и секако за сите љубители на македонската народна песна“ вели Елена во емисијата „Кафе муабети“.

Фејсбук/ Елена Андоновска

Потсетуваме, Елена во интервјуто откри детали и од нејзиниот приватен живот, а пред камерите се потсети и на својата трета бременост, кога го роди синот Лазар, но кој „пристигна“ еден месец порано.

И како што самата открива во емисијата, породилните болки ги добила додека била кај својата пријателка, старосватица, а вечерта заедно со сопругот и нивниот бенд требало да настапуваат на свадба.

Фејсбук/ Елена Андоновска

Но наместо на свадба, Елена завршила во болница, а нејзиниот сопруг дознал дека му се родило машко дете додека свирел.

Повеќе за оваа „драма“ од нејзиниот живот откријте тука или погледнете го видеото во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button