„Ми недостига времето кога сите бевме заедно“ – Елена Ристеска објави фотографија од нејзиниот покоен татко
Не зборува често за нејзиниот починат татко, но овој пат на социјалните мрежи објави фотографии од него и се потсети на нејзиното детство
Поп-пејачката Елена Ристеска непосредно пред велигденските празници сподели неколку стари фотографии на кои меѓу другото е и нејзиниот татко кој по година и пол боледување почина од рак. Таа неодамна во едно интервју зборуваше отворено и раскажа колку и било тешко додека се соочувала со неговата болест, но и по неговата смрт. Раната која што ја остави неговото прерано заминување никогаш нема да и зарасне, а колку и недостига кажува и фотографиите што Елена ги објави на Инстаграм деновиве, непосредно пред големиот христијански празник.
https://www.instagram.com/p/BhL7k3eBniz/?taken-by=elenaristeskaofficial
https://www.instagram.com/p/BhL9TGyBNaV/?taken-by=elenaristeskaofficial