Елена никогаш не била поубава, но со овој детаљ сите ги изненади – се појави и го украде шоуто (фото)
Елегантно издание на познатата пејачка

Познатата пејачка се појави на еден настан и сите ги воодушеви со ова свое интересно модно издание.
Пејачката Елена Ристеска на концертот во Националната опера и балет настапи во издание кое не помина незабележано.
Имено, Елена на музичкиот настан посветен на творештвото на легендарниот Кире Костов се појави во црни панталони и црно сако.

Инстаграм/ Елена Ристеска
Таа целото издание го зачини и со црните сандали со високи потпетици, но и со еден детаљ со кој никого не остави рамнодушен.
Пејачката на сцената блесна со својата нова фризура, па ја воодушеви публиката со убавата руса коса.

Инстаграм/ Елена Ристеска
Елена настапи со песната „Кога те нема“, оригинално изведена од првата победничка на Макфест, Хелена Благне.
Елена најверојатно во нејзина чест и ја бојдиса својата коса, а како изгледаше, погледнете од фотографиите во продолжение…

Инстаграм/ Елена Ристеска
Потсетуваме, Хелена е позната словенска поп и оперска пејачка, која легендарната „Кога те нема“ ја испеа во 1986 година.

Инстаграм/ Елена Ристеска

Инстаграм/ Елена Ристеска
Оваа песна и денес се врти на радиостаниците, а е маестрално дело на Кире Костов и Васил Пујовски.
Хелена и денес на 62 години изгледа одлично, а од бракот со Митју Заман, го има синот Кристијан.
Во продолжение погледнете и како изгледа Хелена денес:
View this post on Instagram




