Елена Најдоски се пресоблече неколку пати во Виена – што мислите за овие модни комбинации (фото)
Водителката на емисијата „Живот со стил“ покажа неколку модни изгледи позирајќи во празничната атмосфера на Виена.
Елена Најдоски се одмора во Виена, а како изгледа нејзиното патување во божиќно украсениот град, покажа на својата инстаграм-страница.
За прошетките низ градот, водителката се пресоблече неколку пати. Односно, многу пати.
Прво, покажа како се носи целосно црвена модна комбинација – светкави панталони и сако, црвено боди, чизми во истата нијанса, а изгледот го заокружи со бела бунда и бела шапка.
Потоа, следува вечерна модна комбианција, односно целосно црн изглед, а во преден план е чантата Ив Сен Лоран.
И уште една целосно црна модна комбинација украсена со многу светки и со длабоко деколте.
Па, нова комбинација – црни панталони со бела кошула, црни високи лакирани чизми и впечатлива контрастна црвена чанта.
Во фото-приказната од Виена, има и детали од шопингот, а погледот паѓа и на кутивчињата со потпис на луксузната модна марка Луј Витон.
Следуваат и неколку фотографии од хотелот каде што е сместена. Па, повторно нови модни избори…Еве, има доволно за гледање.