Едни гумени чизми, две комбинации – нашата позната водителка во шик пролетно издание
Точките се во мода, а ова е едно од најинтересните изданија со овој тренд што сме го виделе оваа пролет
https://www.instagram.com/p/BgOFr37hs9y/?taken-by=elena_zivotsostil
Елена Стефановска на социјалните мрежи објави фотографии на кои позира во интересно модно издание. Таа малиот бел фустан со точки го носеше во комбинација со кожена јакна со интересни везени детали, а целата комбинација ја зачини со црн шешир, ретро очила за сонце и црвени гумени чизми кои се одличен избор за овој период од годината.
https://www.instagram.com/p/BgMhRsjBEV6/?taken-by=elena_zivotsostil
Таа истите чизми ги носеше и претходно, во комбинација со морнарски капут и црн фустан додека целото издание го заокружи со шал во сина боја и шик очила за сонце.
https://www.instagram.com/p/BgJ0oVUhc5P/?taken-by=elena_zivotsostil
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?