Елена беше на врвот од својата слава кога замина од Македонија – новиот дом зрачи со луксуз и топлина
Ќе се изненадите и како пејачката изгледа денес

Беше една од нашите најпознати пејачки, но на врвот од својата кариера реши да се исели од Македонија и да почне од ново.
Елена Петреска, во зенитот на својата слава, реши со сопругот и нивните две дечиња да се преселат во Белгија.
Во моментот кога ја донесе одлуката да замине, повеќе од 15 години беше дел од Македонската опера и балет, но и една од нашите најпознати пејачки, со кариера каква многу колешки би посакале.

Инстаграм/ Елена Петреска
Но како што и самата повеќе пати има истакнато, желбата за промена, како и поддршката за сопругот, биле причината познатата пејачка да се одлучи за еден ваков чекор и да почне живот од ново.
Тие се преселија откако нејзиниот сопруг Андреј доби работа во белгискиот град Монс, каде го оформија нивниот нов дом.

Инстаграм/ Елена Петреска
И како што самата многупати истакнала, Монс е град во кој секое ќоше зрачи со уметност, а во новата средина уживаат и нејзините дечиња.

Инстаграм/ Елена Петреска
Имено, Елена која е во брал со Андреј повеќе од една деценија се родители на две дечиња – ќерката Софија (9) и синот Михаил (10).
Тие живеат во голем и просторен дом, а пејачката е поприлично активна на социјалните мрежи, па од нејзините објави може да видиме и како изгледа нејзиниот семеен живот во новата средина.

Инстаграм/ Елена Петреска
Нивната куќа во Монс има околу 200 м2 и е минималистички уредена, целосно опремена според нивниот вкус.

Инстаграм/ Елена Петреска
Пејачката на Инстаграм често привлекува внимание и со фотографиите на кои изгледа како модна икона, а под секоја од нив добива бројни коментари и комплименти од своите верни фанови.
Некои од овие изданија погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Елена Петреска

Инстаграм/ Елена Петреска

Инстаграм/ Елена Петреска





