Елена Андоновска со ова видео ги изненади сите – ѝ пристигнуваат честитки, но и бројни комплименти
Оваа наша пејачка може да им одржи лекција на колешките и кога е модата и стилот во прашање

Пејачката Елена Андоновска се смета за една од нашите најубави пејачки која што со години ја негува својата природна убавина.
На своите настапи најчесто носи елегантни и сведени комбинации, а со една од своите последни објави сите ги остави без зборови.
Имено, Елена неодамна сподели снимка со која го најави својот голем солистички концерт во Националната опера и балет.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Концертот ќе се одржи на 15 декември, па пејачката со оваа снимка ги покани своите обожаватели, но воедно и многумина воодушеви со впечатливо модно издание со кое што го најави овој настан.
Таа за оваа пригода избра преубав црн фустан во кој изгледаше како модна икона, а целото издание наместо со високи потпетици, го заокружи со интересни обувки кои беа полн погодок.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Изгледаше опуштено и максимално елегантно во исто време, а самиот крој на фустанот беше посебна приказна.
Фејсбук/ Елена Андоновска
И бидејќи станува збор за мошне згодна дама, која блеска што и да облече, Елена и овој пат ги воодушеви сите.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Потсетуваме, Елена е професионален музичар и повеќе од 15 години работи и во националниот ансамбл за танци и песни, „Танец“.
Таа уште со својот прв албум, „Кој што ме чуе да пеам“, ги освои симпатиите на публиката, посебно што ја негува традиционалната македонска изворна песна и со својот моќен глас буди емоции кај секого.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Таа во 2022 година го доби своето трето дете, синот Лазар, кога поголемите Јосиф и Лазар си добија братче.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Во брак е со својот музички колега Марјан Андоновски, кој исто така е вработен во Ансамблот „Танец“.