Сите ние секојдневно се соочуваме со разни здравствени проблеми за кои се обидуваме да најдеме начин како да ги решиме. Елкектромагнетната биокомуникација е еден од начините како многу рано да откриеме многу заболувања но и и да се открие дали постои можност да се добие некој здравствен проблем. Секако големиот бенефит од овие испитувања се најпрво да се превенираат можностите за заболувања а потоа и третман на истите.
Побаравме одговори и објаснувања за оваа тема од др. Албена Манева Крстевска која е др. по биофизичка медицина и хомеопат, но и долгогодишен ортопед хирург.
-Како темата на овој текст се однесува на човекот и неговото здравје, енергетските токови околу на си во нас и нивната комуникација се во основа на она што не мачи кога сме во нарушена психофизичка состојба. Нај правилен пристап во решавање нa било каков здравствен проблем е холистчки- вели за Гламур др. Албена. Во продолжение прочитајте многу повеќе за придобивките од електромагнетната биокомуникација а исто така може да го проследите и разговорот со др. Албена од емисијата Ваш Термин.
Ако сакате ла ги открие тајните на универзумот, размислувајте за нив како енергија, фреквенција и вибрација, кажал големиот и генијален Никола Тесла. Тоа значи дека кога сакаме да решиме било каков проблем во универзумот во кој сме составен дел треба да размислуваме и бараме решение нa експертско ниво. Така функционира универзумот, така функционираме и ние. Секоја и најмала честичка која вибрира има своја специфична вибрација и со тоа одреден електромагнетен бран по кој може да се распознае. Како темата на овој текст се однесува на човекот и неговото здравје, енергетските токови околу нас и во нас и нивната комуникација се во основа на она што не мачи кога сме во нарушена психофизичка состојба. Нај правилен пристап во решавање нa било каков здравствен проблем е холистички.
Што тоа значи? Холос на старогрчки јазик се преведува како целокупен. Човечкото тело треба да го набљудуваме како целовтост на неговите функционално нераздвоиви делови додека здравствената состојба се проценува преку степенот на урамнотеженост на сите основни животни функции. Потребна е ускладеност во комуникацијата на внатрешните соматски структури во човекот како целина и ускладеност на неговата целовитост со неговото опкружување.
Секоја група на клетки е единствена и препознатлива по своите карактеристични сигнали во вид на карактерисични електромагнетни бранови. Клетките меѓусебно комуницираат разменувајќи информации преку фреквенции и електрични импулси.
Секој здравствен проблем „иако може да ни изгледа дека се однесува на одреден орган никогаш не е изолиран, а неговата причина треба да се гледа како комуникационен проблем со пореметување на рамнотежата во биокомуникацијата на клеточно ниво внатре во организмот и неговата интеракција со околината.
Целовитост во пристапот на една болна особа и нејзиното лекување треба да се заснова па три основни универзални вистини:
1. Човекот е сложено физичко, духовно и енергетско битие
2.Телото, душата и виталната енергија се три столба на човековото постоење кое функционира во урамнотежена целина
3.Секое нарушување во протокот на енергијата, блокада на одредено ниво, доведува до дисхармонија која се манифестира со нарушување на телесното и психичкото здравје.
Денес во конвенционалната медицина се користат многу скапи лабораториски анализи и апарати за дијагностицирање. Модерната наука постепено работи во областа на биониформатиката, така да бројните студии во оваа област, доведоа до cоздавање на фундаментално нoва опрема која дава незамисливи можности за брза прецизна дијагноза и биорезонантна терапија како нежна, неинвазивна и потполно сигурна метода која овозможува клетките во организмот да ја постигнат природната рамнотежа. Оваа многу технички софистицирана опрема дава можност преку откривање биофизичките промени во организмот на било кое ниво да открие тенденција или ран почеток на било кое заболување пред тоа да се манифестира клинички и да доведе до биохемиски пато-анатомски промени на ткивата. Новата класа биорезонантни уреди на несекојдневен начин на дијагностика и терапија, тешко разбирлив за луѓето кои се навикнати на конвенционален начин на дијагностика и терапија дава можност не само рано да се открие било кое пореметување, но и истото да се превенира и да спречи заболување.
Биорезонантнатата метода овозможува многу прецизно детектирање и неутрализирање на патогени фактори како што се: бактерии, габички, токсини, вируси, алергени.
Moжно е излекување на многу прецизни информации потиснати во потсвеста, прецизен неуроемоционален профил на личноста, да се видат стресните фактори и да се делува на емоционално ниво преку повратна спрега. Можна е анализа на хромозомите , ДНК И РНК како и прецизна анализа на клеточните органели. Можностите се скоро неограничени како најновата генерација на биорезонантните нелинеарни системи можат терапевтски да делуваат на било која клеточна единица која покажува отстапување од нормалното резонирање. Секој третман кој се заснова на одредена стимулација, контактна или бесконтакна претставуваа енергетски третман.
Промените можат да настанат само ако овие стимулации доведат до промена на енергетското поле на одредено ткиво, орган, систем и на целиот организам. Целта терапијата е да се отклони енергетскиот дис баланс на клеточно и мeѓуклеточно ниво да ги покрене саморегулационите процеси со кое на најдобар начин, препознатлив за човекот како енергетско битие. организмот го доведува во рамнoтежа.
Овој современ нелинеарен систем ни овозможува да ја пронајдеме вистинската терапија така да можеме да го тестираме нејзиното дејство независно дали се работи за алопатска, хомеопатска, фитотерапија, лиготерапија, натурофармацевски производи.
Терапијата се одвива преку соодветен информационен сигнал кој е во состојба преку филтрирање на патолошките сигнали или директно делување на информациони сигнали да го променат патолошкиот опсег на фреквенции кои ги емитуваат оштетените клетки, така да со нормализирање на нивната резонанца се постигнува хармонизација и оздравување. Сето ова означува дека примената на биорезонантната апаратура во дијагностика и лекување е неограничена ,безболна и безбедна, без било какви несакани дејства Биорезонантната терапија не е иста за сите, таа е индивидуална според потребите на секој поединец терапијата е усмерена кон причинителот на дисфуинкцијата која во најголем дел е психосоматска или последица од интоксикација од загадената околина ,храна, стресни фактори, трауми . Може да се комбинира во почетокот со терапијата која пациентот ја прима со години и која постепено заради регулација на клеточните функции нема да има потреба да се користи.
Располагаме со, многу софистицирана биорезоантна апаратура која може да врши дијагностика и терапија без физичко присуство користејќи примерок на ДНК, РНК со голема точност, прецизност и ефикасност. Принципот е хуман однос кон секој поединец, да му се помогне на најсоодветен начин, најважно од се, да се спречи заболувањето, преку paнa превенција и помош околу промена на лошите навики и зависности.
Велнес Центар за подобрување на психофизичката состојба
МР.ДР.АЛБЕНА МАНЕВА КРСТЕВСКА