Реклама
Култура[тор]

Таинствена и мистична убавина

Реклама

„Колоритните и убаво дизајнираните едиторијали можат да се најдат ’зад секој агол’, но многу ретко се наоѓаат оние кои даваат чувство на мистичност и убавина во едно!“

Маркетинг

Едиторијалот „Замислен пријател“ (Imaginary Friend) од Ellen Rogers,  за модното издание на магазинот Vice, e заводливо мрачно, кое лесно вознемирува додека се восхитувате на неговата убавина. Ellen Rogers ја креира комплетната слика на својата замисла, вклучувајќи две девојќи кои изгледаат како духови со вампирски бледа кожа , долга темна коса и мрачна шминка. Исто така и гардеробата за моделите е повеќе од само добро вклопена во композицијата на секоја фотографија – напротив, секое парче облека е толку совршено од естетски аспект и идеално во контекстот на есенцијалноста на фотографијата. 

За единствениот, оригинален и афективен изглед на фотографиите, Rogers не користи ништо повеќе од специфична аналогна техника при нејзината работа. Ниту Photoshop, или некој друг софтвер за манипулација со фотографија нема „замешано прсти“ за да се креираат ефектите при изработка на истите. Фотографката само манипулира со фотките во темната соба, користејќи old school техники.
Замислениот пријател на Ellen Rogers можеби ќе направи да почувствувате морници, но фотографиите ќе ве заслепат со убавина и остават со зината уста, и со многу коментари најверојатно!

Маркетинг

alt

alt

alt

alt

alt

alt

altЗа останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button