Реклама
Престиж

Стварно екстра – RENAULT ALPINE A110-50 концепт

Реклама

Renault дозволи да бидат откриени некои детали, како од технички, така и од визуелен концепт! И она што го видовме не натера да помислиме дека кога сите коли би изгледале вака, би се вклучило копчето за аларм за способноста за репродуцирање на човечкиот вид!

Маркетинг

Зошто? Па затоа што ќе видите на фотографиите подолу – ваква кола може да го натера секој маж да заборави на жените како ’најсладострасни предмети на желбите‘, што би рекол Louis Bunuel. А самото ’протекување‘ на фотки и инфо за овој концепт на францускиот произведувач најавува искачување на сериозен чекор нагоре во начинот и замислата за производство на едно модерно cuoupe. Првата официјална презентација ќе се случи на Grand Prix-то на Monaco!

alt

Маркетинг

Инаку примарната идеја за A110-50 е одбележувањето на 50 годишнината од легендарната Alpine Renault A110 Berlinetta. Ова глатко и мазно coupe го зема стилот, поточно инспирацијата за него од Renault Dezir концептот од 2010, кој беше презентиран на Парискиот саем. Под драматичниот костим, машината која што ја движи оваа убавица има потекло од the Renault Megane Trophy Racer, а тоа значи погон на задните тркала со цилиндрична шасија и V6 мотор од 3.5 литри, со силина на 400 коња, лоциран околу средишниот дел на автомобилот.

alt

За повеќе детали и спецификации во моментов може само да шпекулираме, без некаква реална подлога, а уште помалку со јасна визија кога Alpine A110-50 би влегла во производство. Едно нешто е јасно, колава ќе изгледа екстра ипол, а на пазарот за coupe моделите би требало да ја ’шие‘ конкуренција од Jaguar F-Type, Alfa Romeo 4C и Honda NSX. Погледнете зошто го мислиме тоа:
  

alt  

alt  

alt

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button