Реклама
Celebrity

Екс-сопругот на славната водителка се огласи по нејзината операција на тумор на мозок – „никогаш не сум ја видел со толкави болки“

„Знам дека е многу благодарна за изливот на љубовта“, напиша Едвин Аројаве на Инстаграм.

Реклама

Популарната американска водителка, фитнес тренер, нутриционистка, Теди Меленкамп, неодамна објави дека се бори со тумор на мозокот.

По неколкунеделни силни главоболки, лекарите откриле повеќе тумори во нејзиниот мозок преку компјутерска томографија и магнетна резонанца. На 12 февруари 2025 година, таа беше подложена на операција за отстранување на два од овие тумори, која помина успешно, но моментално се соочува со значителна болка и е во процес на опоравување.

Во овој тежок период, таа добива поддршка од поранешниот сопруг, Едвин Аројаве, со кого Теди има три деца: Слејт (12), Круз (10) и Дав (4). Иако се разделени од ноември 2024 година, тие одржуваат пријателски однос и заедно се фокусираат на нејзиното здравје и благосостојба на семејството.

Маркетинг

Едвин е исто така познато телевизиско лице.

Теди со децата, фото Инстаграм

Сега, Едвин се огласи со нови информации за постоперативниот период на Меленкамп.

Маркетинг

„Се што ќе кажам во моментов е дека операцијата помина добро. Никогаш не сум ја видел Теди Меленкамп со толку многу болки. Конечно зема заслужено малку сон. Знам дека е многу благодарна за изливот на љубов“, напиша Едвин.

Теди и Евдин пред операцијата, фото Инстаграм

Пред изјавата на Аројаве, на Инстаграм беше споделена и фотографија од нивниот 10-годишен син Круз како во раката држи срце направено од картон со зборовите „Чувствувај се подобро“. Зборовите се напишани со розов маркер.

Срцето, кое беше постирано со кратка порака е потпишано од повеќе различни имиња, а тоа се имињата на соучениците на Круз кои заедно го направиле подарокот на Теди.

„Класот на Круз го направи ова за Теди Меленкап“, напиша Аројаве над објавата.

принтскрин Инстаграм

Потсетуваме, Меленкамп претходно се соочуваше со меланом (облик на рак на кожата). Во септември 2023 година, таа објави дека ѝ биле дијагностицирани 13 меланоми, кои потоа беа успешно отстранети со операција. По оваа интервенција, таа изјави дека ќе биде внимателна со редовни тримесечни прегледи и ги охрабри своите следбеници да прават редовни проверки на кожата.

фото принтскрин Инстаграм

Убавата водителка, Теди Меленкамп стана позната по реалното шоу The Real Housewives of Beverly Hills (RHOBH), каде што се појавуваше од 2017 до 2020 година. Изгради успешна кариера на фитнес тренер, нутриционист и претприемач, а актуелна е како основачка на програмата All In by Teddi, која се фокусира на слабеење и здрав животен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Two Ts In A Pod (@two.ts.inapod)

Особено позната во последно време е како водителка на подкастот Two Ts in a Pod, заедно со Тамра Џаџ, каде што коментираат реални шоуа. Поради борбата со туморот моментно се повлече од емисијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button