Рецепти

Еклери од тефтерот на Зорка – мора да ги пробате, се топат во уста

Лесно се прават, а по овој рецепт ќе сфатите што се вистински еклери.

Advertisement

Зорка Јанчева од Тиквешијата ни носи превкусен рецепт за еклери што мора да се проба.

фото-приватна архива

Лесно се прават, и не треба да бидете вешта домаќинка во кујна, а резултатот е – слатки кои се топат во уста.

Од намирници потребно ви е:

2 дл вода

Advertisement

100 грама маргарин

200 гр брашно

3 јајца

Advertisement

Подготовка

фото-приватна архива

Се става маргаринот во тенџерче да се растопи, се додава водата а откако ќе зоврие се става брашното и се меша брзо и псотојано.

Потоа, се трга тенџерчето од оган, и повторно се меша за смесата убаво да се изедначи. Се остава да се излади. Кога ќе се излади, се додаваат јајцата едно по едно, па повторно убаво се меша.

Со помош на шприц (но може и со лажица) се прават еклерите и се редат во тава за печење, на која претходно се става мрсна хартија за готвење.

фото-приватна архива

Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 до 25 минути. Рерната не смее да се отвора додека еклерите убаво не се испечат.

Потоа, еклерите се филуваат со ванилин крем. Зорка употребила готов крем што се раствара со студено млеко и потоа додала и шлаг.

фото-приватна архива

На крајот врз готовите еклери се наросува шеќер во прав.

фото-приватна архива

Добар апетит!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button