„Его им помага на сите да стигнат во длабочините на морето и да уживаат во неговите убавини.“
Не морате да знаете да пливате ниту пак да сте морепловец. На овој брод нема комплицирани контролни табли. Секој може многу лесно да управува со ЕГО.
Можеби најголемата убавината е во тоа што вие можете да се чувствувате комфорно под водата заедно со вашата фамилија и да уживате во прекрасната глетка. Притоа не заборавајте ги вашите камери и фотоапарати.
ЕГО е перфектно комфорен и безбеден и ЕГО не е војничка подморница! Во случај на опасност можете многу лесно да избегате од ЕГО и ова е главната предност на овие подморници за разлика, на пр. од охридските бродчиња!
И откако ќе завршите со истражувањето под вода, вие можете да се качите на палубата и да уживате во ловење риба! И доколку сте страствен рибар, тогаш ова бродче е вашиот рај! Истражете го светот под водата со чудесното бродче ЕГО!
Бидете пријател со нас на Facebook!