Реклама
Нега и здравје

Ефикасен третман против целулит со мед

Реклама

Медот се употребува во третманите за разубавување и негување од дамнешни времиња.

Освен во маските за нега на лицето или косата, медот може да се искористи и како ефикасно средство во борбата против целулитот и како помош при слабеење. За оваа цел медот се нанесува на критичните делови од телото и помага да се намали нивниот обем. Медот е богат со витамини А, Б и Ц и овие витамини долго се задржуваат во неговата структура. Третманот со мед се изведува во неколку лесни и едноставни чекори:

Маркетинг

Прв чекор:

Маркетинг

Загрејте на водена пара соодветна количина мед додека не добие густина на ретка павлака и потоа нанесете го на деловите од телото што сакате да ги третирате.

Втор чекор:

Завиткајте се во обична фолија за домаќинство, а потоа облечете топла облека.

Трет чекор:

Седнете или легнете и завиткајте се во топло подебело ќебе и останете во таа положба околу 30-40 минути. Се препорачува да пиете топол чај. Ваквото завиткување со фолија создава ефект на сауна кој помага да се постигнат саканите резултати.

Се прави серија од 5 завиткувања со мед со пауза од еден ден помеѓу нив, односно еден ден правите третман со мед, па пауза, па пак третман со мед. Овие третмани ќе ви помогнат да намалите неколку сантиметри од половината, колковите и задникот и да се ослободите од несаканиот целулит. Истовремено ќе го прочистите организмот од отрови и штетни материи и ќе добиете мазна и убава кожа.

Вреди да се проба, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button