Дури и оние кои постојано се жалат дека немаат време за вежбање, веќе нема да имаат изговор затоа што за оваа вежба се потребни само 30 до 60 секунди
Веројатно до сега сте слушнале дека постојат многу ефикасни вежби, кои ќе ви го затегнат целото тело во многу краток временски рок. Но, оваа е навистина нешто посебно! Станува збор за сумо-клекнувања со скокање, а толку е добра што не ви е потребна ниту една друга кардио вежба, ниту било каква опрема! Многу е напорна, па затоа се вежба во кратки интервали и затоа е одлична за оние кои постојано се жалат дека немаат доволно време да посветат на редовни тренинзи.
Доволно е секој ден да одвоите неколку минути и да направите три серии сумо-клекнувања со скокање, во траење од 30 до 60 секунди.
Водете сметка брзината да не ве поведе – мора да внимавате вежбата да ја изведувате правилно и тоа во цврста облека со цел колената, стапалата и зглобовите да ги зачувате од повреди. Почнете што е можно поскоро и многу брзо ќе ги забележите резултатите, а најпрво затегнати бутови и цврст задник! За детално изведување на вежбата погледнете го видеото.