После долгите зимски месеци, доаѓа убаво и топло време, а со него и неизбежниот пролетен умор. После долгиот период на студенило, телото доживува шок и потребно му е одредено време да се прилагоди на новите услови. За да се чувствувате подобро, прочитајте ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ја вратите изгубената енергија.
Пролетна детоксикација и начин на исхрана
Идеално време за детоксикација е токму пролетта, затоа што тогаш на организмот му е најпотребно чистење од токсини. Најдобро е да изберете лесни оброци со кои ќе му ги обезбедите на вашето тело сите хранливи состојки кои ќе ви помогнат да ја повратите енергијата. На пример, во вашето секојдневие може да вметнете цеден сок од лимон, портокал, морков, целер и јаболко. Пијте го овој пијалак на празен стомак и наскоро ќе се чувствувате подобро.
Исто така јадете што е можно повеќе зеленчук како што е карфиол, брокула, грашок, а избегнувајте зачинета храна.
Физичка активност
Речиси невозможно е да го избегнете пролетниот умор доколку во своето секојдневие не воведете некоја физичка активност. Вежбањето ќе ви помогне да се чувствувате подобро, па затоа вежбајте барем три пати неделно. Освен ова, може да пешачете, да возете велосипед и да планинарете.
Бидете опкружени со позитивни луѓе
Со цел да се чувствувате физички подобро, мора да се грижите и за своето психичко здравје. Избегнувајте луѓе кои шират негативна енергија и такви кои прават да се чувствувате празно и уморо. Зошто да се дружите со емоционални вампири кои полека ви ја одзимаат и онаа малку енергија која ви преостанала?