Коса

Едноставен трик како да ја исправите косата без пегла и фенирање

Advertisement

 

За да ја исправите косата не морате да ја изложувате на топлината од пеглата или фенот, можете да го направите тоа само со помош на ластичиња за коса. Прочитајте како.

Advertisement

Најпрво измијте ја косата на вообичаениот начин. Треба косата да биде влажна за да успее исправувањето, па затоа овој трик е одличен за пролетните и летните денови.

По миењето, малку засушете ја косата, особено коренот на влакната што треба да биде потполно сув.

Advertisement

Земете неколку гумички – наш совет е да бидат меки и подебели, да не оставаат траги на ксоата и да не ја притискаат премногу.

Доколку имате густа коса, поделете ја на два дела, а ако не можете така соберете ја целата.

Соберете една половина во ниска опашка и врзете ја со ластик на коренот, па потоа по целата должина на оддалеченост од 5 до 10 сантиметри врзете уште еден ластик.

Направете го истото и од другата страна. Поентата е да ја насочите косата да стои рамно, при што треба да внимавате гумичките да не ја стегаат премногу.

Оставете ја косата собрана на овој начин во текот на ноќта.

Утредента, кога ќе ги тргнете ластичињата, косата ќе биде сува и права.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button