Реклама
MAMAКафе муабет

Едноставен рецепт за среќен живот: Ставете се себеси на прво место!

Реклама

Кога ќе почнете да се грижите повеќе за себе, ќе се чувствувате поубаво, а со тоа ќе почнат да ви се случуваат и поубави работи.

ФОТО: videohive.net

Ставањето себеси на прво место не значи занемарување на другите во целост, туку да научите да водите сметка за себе. Тоа е филозофија по која мора да се води секоја жена. Кога ќе се грижите за себе и за своите потреби, ќе станете посреќни и поисполнети, а притоа ќе зрачите со попозитивна енергија.

Вложувајте во себе, како духовно, така и физички. Исполнете си некои желби кои одамна сте ги посакувале. Угодувајте си и правете работи кои ве исполнуваат. Не е природно постојано да се грижите за другите и за нивните животи. Ниту една мајка не смее да дозволи да го занемари својот живот поради децата, па да стане нивен роб. Добра мајка и сопруга не е онаа која ќе го пречека семејството со зготвен ручек, испеглана облека и средена куќа. Добра мајка и сопруга е онаа која е среќна!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button