Реклама
MAMAРецепти

Едноставен рецепт за сочен колач со вкус на кафе

Реклама

Има ли нешто посочно од мек колач со вкус на кафе? Погледнете го овој едноставен рецепт за превкусен десерт.

ФОТО: youtube printscreen

Потребни состојки:

  • 200 грама пишкоти

Прелив за пишкоти:

  • 1 чаша сварено кафе
  • 200 милилитри млеко

Потребни состојки за фил:

  • 4 јајца
  • 16 лажички шеќер
  • 500 грама крем сирење (маскарпоне или друг)
  • какао за посипување

Начин на подготовка: Сварете ја чашата кафе и помешајте ја со млекото. Добро изматете ги белките со осум лажици шеќер. Во друг сад изматете жолчки со осум лажички шеќер. Потоа измешајте ги двете смеси и кратко варете ја смесата на пареа. Кога смесата малку ќе се олади, додајте го крем сирењето и изматете. Во огноотпорен или друг сад ставете малку од филот (неколку лажички). Потоа наредете ја првата половина од пишкотите, така што претходно ќе ги имате потопено во кафе.

После првиот слој, ставете го половина од филот. Потоа наредете го другиот слој пишкоти, исто така натопени. Доколку ви остане кафе, можете малку да ги прелиете пишкотите. Со остатокот од филот премачкајте ги пишкотите и целиот колач посипете го со какао. Оставете го неколку часа во фрижидер за да се олади.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button