Реклама
MAMAРецепти

Едноставен и многу корисен трик за подготвување вкусни пржени компирчиња

Реклама

Крцкав и вкусен компир кој лесно се подготвува во домашни услови.

ФОТО: davigel.fr

Потребни состојки:

  • 4 компири (околу 700 грама)
  • 1 лажичка сол
  • Масло за пржење

Начин на подготовка: 

Измијтје го компирот, а потоа излупете го. Оставете го цело време да биде потопен во вода, за да не поцрне. Исечкајте го, а потоа повторно потопете го во вода. Во еден сад загрејте солена вода. Пред да зоврие водата, ставете го подготвениот помфрит во неа. Варете го околу 5 минути на силен оган, додека не омекне. По 5 минути извадете ги и исцедете ги компирите. Исушете го помфритот и ставете го во замрзнувач, околу еден час, за добро да се олади. Загрејте го маслото, па пржете го помфритот во длабок сад, полн со масло, додека не добие добра боја. Извадете го на хартија за печење, за да се впие вишокот масло.

НАПОМЕНА:

На почетокот пржете го помфритот на среден оган, за да не остане жив внатре, а потоа зголемете ја температурата за да добие убава боја и да биде крцкав.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button