Диети

Еднодневна диета

Advertisement

Ова не е диета што нуди брзи резултати и загуба на огромен број килограми преку ноќ.

Advertisement

Оваа диета првенствено е наменета за прочистување на организмот, исфрлање на штетните материи и вишокот вода. Доколку ја спроведувате еднаш неделно за еден месец можете да изгубите до 3 килограми без многу напор и одрекувања. Рамниот стомак и неколкуте изгубени килограми сигурно ќе придонесат да се чувствувате поубаво и попривлечно. Во секој случај, вреди да се проба … Изберете една од предложените комбинации и придржувајте се на неа во текот на 24 часа:

 ДЕН НА ОРИЗ 

Advertisement

Сварете 300 грама ориз и поделете го во 3 порции. За појадок и за вечера во оризот можете да додадете малку зеленчук со зачини, а за ручек малку патлиџан.
Оризот содржи малку масти, но богат е со скроб и лесно се вари во организмот. Содржи голем број минерали меѓу кои најистакнати се фосфорот и калиумот, потоа манган, железо, сулфур и бакар. 100 грама ориз содржи 360 калории.

 ДЕН НА КОМПИР 

Сварете или испечете во рерна 600 гр. компири и 60 г. зеленчук (без сол и масло) и поделете ја количината на 3 оброци. Зеленчукот можете да го сварите и на пареа. Зачинете со магданос, мајчина душица или мајоран.

Компирот претставува богат извор на јаглени хидрати кои му даваат сила и енергија на организмот. Влакната што ги содржи компирот го олеснуваат варењето и ја впиваат водата што дава чувство на ситост. 100 грама варен компир содржи само 85 калории.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button