Една убава вест од внукот на Војо Стојаноски – му пристигнуваат честитки, ова ги израдува сите
Познатиот фолк-пејач Влатко Миладиноски го откажа концертот, па откри кога ќе се одржи истиот...

Новиот датум за концертот на Миладиноски
Концертот што Влатко Миладиноски требаше да го одржи во март беше откажан заради трагичниот настап што се случи во Кочани.
Пејачот тогаш се огласи на социјалните мрежи и изрази сочувство до семејствата на настраданите, откривајќи дека и тој и неговата цела екипа се во шок од несреќата и немаат сила за концерт и музицирање.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Неодамна Влатко повторно се огласи, но тогаш го откри датумот за кога е презакажан неговиот голем концерт.
И како што сподели на својот профил на социјалните мрежи, концертот е закажан за 12 јуни во 20.00 часот.
Фејсбук, Никола Карев, Мелбурн
Како што беше и првобитно планирано, концертот на Влатко со големиот оркестар ќе се одржи во Национална опера и балет.
Влезниците што беа купени за претходниот датум ќе важат и за новиот термин, и истите можат да се набават и преку платформата на „МКТикетс“, како и на дадените телефонски броеви (види следна слика).
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Оние кои не се во можност да присуствуваат на концертот во новиот термин, им беше овозможена рефундација на средствата.
Барањата за рефундација на онлајн билети треба да бидат испратени до 11-ти април на и-мајл адресата што ја има на сликата.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Влатко е внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски, а еден од неговите најголеми хитови е „Велат не нема“.
Станува збор за песна која се пее на секој педа од оваа планета каде што ги има и нашите иселеници, а што вели пејачот за оваа песна, но и какво изненадување подготвува за својата публика, откријте тука.