ВестиКариераПрепораки

Една убава вест од Максимилијан – единственото училиште со лиценца од Оксфорд во регионот

Интервју со м-р Софија Филиповска Јордановска, директорката на „Максимилијан“, единственото училиште со Оксфорд лиценца во регионот

Реклама
Реклама

Изборот на најсоодветно училиште за детето е важна одлука што влијае на неговиот целокупен понатамошен развој и живот воопшто.

Несомнено, образованието на децата е едно од најважните прашања за секој родител и сите родители сакаат најдобра иднина за своите деца.

Доколку сакате вашето дете да се стекне со образование во средина што нуди најголема можност за развивање на талентот, ви предлагаме да го изберете Меѓународното училиште Максимилијан.

Маркетинг

Станува збор за училиште во кое секое дете се стекнува со образование што му помага да се развие во вредна и одговорна личност која ќе знае да се справи со предизвиците на времето во кое живееме денес, како и да се подготви за иднината. Што е најважно – ова е единственото училиште во регионот со лиценца од Оксфорд. За тоа што значи ова во пракса, и кои се придобивките за учениците од оваа лиценца, како и за поблиску да ве запознаеме со училиштето што се издвојува од другите по својата богата програма за работа и иновативните методи, поразговаравме со директорката, м-р Софија Филиповска Јордановска. Таа со голема посветеност и љубов ја извршува својата функција и постојано работи на развој на училиштето и настојува да придонесе за подобра иднина за сите ученици кои учат или сакаат да се запишат во него.

Софија веќе подолго време сте директорка на Меѓународното училиште „Максимилијан“ во Скопје и досега многупати покажавте и докажавте дека одлично ја вршите оваа функција. За почеток, Ве молам кажете ни што најмногу Ве мотивира и инспирира во работата?

Најголемата мотивација за мене е можноста за позитивно влијание врз животите на учениците. Верувам дека секое дете заслужува индивидуален пристап и средина што ќе го поттикнува да ги оствари своите потенцијали. Самото тоа што гледам како нашите ученици растат, напредуваат и стануваат самоуверени и успешни личности е она што ме инспирира, ми дава енергија и ме води во работата секој ден.

Маркетинг

Меѓународно училиште Максимилијан

Од кога постои Меѓународното училиште „Максимилијан“ и кои се најголемите успеси досега? Што е она по што се разликувате од другите училишта?

Меѓународното училиште „Максимилијан“ е основано во 2009 година, и оттогаш до денес постојано се развива и унапредува.

Меѓународно училиште Максимилијан

Нашите најголеми успеси се поврзани со уникатниот индивидуален пристап кон секое дете, како и со имплементацијата на меѓународни програми што се препознаени низ целиот свет.

Горди сме што сме ИБ светско училиште и што имаме единствена лиценца од Оксфорд, што дополнително го истакнува нашиот квалитет. Се разликуваме по тоа што секој ученик кај нас добива поддршка што е прилагодена на неговите индивидуални потреби и интереси.

Учениците од МУ „Максимилијан“ на добротворен базар

Вашето училиште е единствено училиште во регионот со лиценца добиена од Оксфорд и статус на ИБ светско училиште. Што значи тоа за училиштето, но и за учениците кои го посетуваат? Кои се нивните придобивки?

Овие признанија се потврда за нашата посветеност кон квалитетната настава и интернационалните стандарди. За учениците, тоа значи пристап до врвни едукативни ресурси, програми што се признаени на глобално ниво, и можност да се подготват за иднина во која ќе бидат конкурентни на светската сцена. Лиценцата од Оксфорд и ИБ програмата им овозможуваат на учениците да се стекнат со знаења и вештини што се неопходни за животот и работата во глобалниот свет.

Дали можете подетално да ни објасните за главната мисија на училиштето, активностите и програмите што ги нудите?

Главната мисија на „Максимилијан“ е да создаде средина во која учениците ќе ги развиваат своите академски, социјални и емоционални способности. Нашите програми се насочени кон тоа да ги подготвиме учениците за успех во животот, преку квалитетна настава, современи методологии и индивидуализиран пристап. Покрај тоа, нудиме разновидни активности како спорт, уметност, истражувачки проекти и културни настани, со цел учениците да го развијат својот целосен потенцијал.

Учениците од МУ „Максимилијан“ на добротворен базар

Како изгледа еден типичен училишен ден во „Максимилијан“? Како учениците го поминуваат денот и кои активности им се најинтересни?

Типичниот ден во МУ Максимилијан е многу динамичен. Покрај редовната настава, деновите кај нас се секогаш исполнети со активности во кои учениците се главните актери. Во нашето училиште постојано се организираат саеми на наука, работилници со гости предавачи што опфаќаат теми што се круцијални во животот на децата. Со оглед на тоа што сме мултикултурна средина, секој месец се одбележува некоја култура, кујна на некоја од земјите застапени во нашата заедница и слично. Нашите ученици активно учествуваат во ученички клубови, голем број на воннаставни активности, активности што ја поттикнуваат креативноста, свират на музички инструменти, цртаат… Основната цел ни е преку ваквиот холистички пристап да создаваме младина полна со знаење, но и емпатија, и генерации на ученици кои се грижат за другите, ги почитуваат соучениците и се секогаш подготвени да помогнат.

Меѓународно училиште Максимилијан

Првото полугодие се приближува кон крајот. Каков успех покажуваат вашите ученици? Дали имаат омилени предмети?

Главното мото на сите нас во МУ Максимилијан е дека кога еден наставник / професор индивидуално ќе се посвети на напредокот на еден ученик и со љубов ќе му пренесе ново знаење, успехот е неминовен. Нашите ученици покажуваат одлични резултати и напредок, благодарение на индивидуалната поддршка и квалитетните програми.

Учениците од МУ „Максимилијан“ на добротворен базар

Најмногу уживаат во предметите што им овозможуваат практично учење, како природните науки и уметностите, но и интернационалните програми што ги подготвуваат за глобалните предизвици.

Учениците од МУ „Максимилијан“ на добротворен базар

Какви се плановите за понатамошен развој на училиштето? Каде се гледате во иднина, за 5 години од сега?

Нашите планови вклучуваат проширување на нашите капацитети, воведување на нови технологии и дополнителни меѓународни програми. Во следните 5 години, се гледаме како водечко интернационално училиште во регионот, со ученици кои ќе бидат амбасадори на нашите вредности и ќе постигнуваат врвни резултати на глобално ниво.

Меѓународно училиште Максимилијан

За крај, Ваша порака за учениците, но и за родителите?

На учениците им порачувам да веруваат во себе и да ги искористат сите можности што ги нуди училиштето.

На родителите пред сé им се заблагодарувам за довербата и ги охрабрувам да продолжат да бидат наши партнери во создавањето иднина за нивните деца. Заедно сме посилни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button