Една песна, два света и безброј емоции: Кристина Арнаудова емотивно откри како Њујорк стана дел од нејзиниот живот?

Пејачката Кристина Арнаудова деновиве со многу емоции го прослави 15-тиот роденден на својот поголем син, Максим.
На 10 ноември, гордата мајка сподели дел од своите најдраги спомени, од моментите во породилната сала, па сè до неодамнешен кадар од нивното семејно патување на Кипар.
Иако Кристина ретко зборува за своите деца во јавност, секој нивни роденден го одбележува со искрена порака и топла мајчинска емоција.
Во пораката, таа се сети на емотивен момент од пред 15 години, на кој подзаборавила.
-15 години од оваа слика, 15 години откако ја добив најубавата титула во животот – МАМА. Кога му кажав на маж ми дека ќе добиеме бебе, на ТВ свиреше „Empire State of Mind“. Истата песна ја слушнав и во салата, во моментот кога се роди Максим. Е, па, Њујорк!, напиша Кристина на Инстаграм.

Во продолжение, пејачката му се обрати на својот син со зборови кои го допреа срцето на многумина:
-Секогаш ми фалат зборови кога сакам да кажам колку сум среќна што си среќен, што сум ти мајка, што растеме заедно! Само сакам секогаш да ја имаш оваа насмевка … најубавата на свет, за мене! Детето со насмевката! А сега веќе, дечко.
Кристина и нејзиниот сопруг имаат два сина, Максим и Матео, а пејачката често истакнува дека токму мајчинството е нејзината најголема инспирација и животна сила.



