Една од омилените фолкерки во Македонија се соблече на најлуксузното место во светот и направи лом
Водата мирува, ама не и Теа...

Познатата пејачка го „запали“ Дубаи
Една од најпознатите фолк-пејачи Теа Таировиќ ги спакува куферите и замина на една од нејзините омилени дестинации.
Станува збор за Дубаи, каде пејачката се смести во ексклузивен хотел и сега ужива максимално во луксузното опкружување.
Но уживаат и оние кои се во нејзина близина, посебно кога пејачката ќе скокне во своите омилени костими за капење.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Таа во вакво издание се снимаше и за социјалните мрежи, а нејзините објави веднаш предизвикаа бура од реакции.
И како горда сопственичка на хитот „Идем у Дубаи“, Теа покажа како ужива за сите пари на ова ексклузивно место.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Таа во Емиратите беше пречекана како и големите светски ѕвезди, а беше сместена во еден од најскапите хотели во овој град.
Пејачката треба да настапи во еден ексклузивен бар, па реши да ги наполни батериите, но и да ги потсети фановите зошто е најјака риба.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Таа позираше во црвен модел на костим за капење и уште еднаш го покажа своето беспрекорно тело, без грам вишок на неа.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Потсетуваме, деновиве во Дубаи настапуваа и колешките на Теа, Драгана Мирковиќ и Сека Алексиќ. Тие настапија на роденденската прослава на фудбалерот Лука Миливојевиќ (види тука), а потоа го искористија слободното време за дружба.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Објавија фотографии и како пијат златно кафе во еден од најскапите хотели на светот, а повеќе ова дознајте тука.
Бонус галерија
Настапот на Теа во Скопје
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Инстаграм/ Теа Таировиќ