Наши ѕвездиОпа!

Една од најзгодните Македонки има 38 години, две ќерки и неверојатно тело – но ваква не сте ја виделе досега

Познатата струмичанка носи шешир поголем од животот

Advertisement

Никого не остави рамнодушен со овие фотографии

Познатата струмичанка Љупка Митрова има 38 години и е мајка на две ќерки, а важи за една од најзгодните дами на нашата сцена.

Advertisement

Таа е модна дизајнерка и стои зад брендот Митроф, а позната е и по своите провокативни објави на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Љупка Митрова

И покрај тоа што има две породувања зад себе, Љупка е дама која и те како води сметка за својот физички изглед, па така покрај тоа што внимава на исхраната, телото го одржува и со редовни тренинзи.

Advertisement

Резултатот е повеќе од очигледен, а нејзиното тело на последните фотографии што ги објави изгледа брутално.

Имено, Љупка на својот профил сподели неколку фотки на кои позира со огромен шешир и во костим за капење.

Инстаграм/ Љупка Митрова

Што поголем, толку подобро…

Изгледаше како светските манекенки во ова свое издание, па следуваа бројни коментари од страна на корисниците.

Инстаграм/ Љупка Митрова

Имено, ваквите огромни шешири веќе некое време се во мода, а Љупка го носеше со минијатурен костим за капење.

И додека горниот дел беше целосно покриен од огромниот шешир кој беше голем како чадор, она што остана непокриено дополнително предизвика воодушевување кај нејзините бројни следбеници.

Инстаграм/ Љупка Митрова

И без разлика дали се во прашање мажи или жени, Љупка покажа дека знае како да им го привлече вниманието на сите.

Инстаграм/ Љупка Митрова

Таа со својот изглед никого не остава рамнодушен, посебно кога ќе сподели фотографии на кои е во едно вакво издание.

Впрочем не е за џабе една од најпосакуваните наши дами на Инстаграм, а многумина се надеваат дека и во текот на ова лето згодната струмичанка ќе ги покажува своите облини во своите модели во разни перспективи на кои ретко кој може да остане рамнодушен.

Инстаграм/ Љупка Митрова

Таа пленеше и пред неколку недели, на својата свадба кога носеше венчаница со потписот на нејзиниот бренд.

Инстаграм/ Љупка Митрова

Како оваа прекрасна дама изгледаше тогаш, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button