Реклама
Наши ѕвезди

Една од најубавите и најзгодните жени во македонското собрание

Реклама

Еве што вели една од најубавите жени која веќе 10 години е дел од македонското собрание

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Покрај ефикасноста во работата, македонскиот парламент може да се пофали и со атрактивни дами кои седат во собраниските столчиња и со својата појава ги мамат воздишките на присутните. Една од нив е и Мерал Узеири-Ферати, пратеничка во Собранието на Македонија од редовите на ДПА, која се смета за една од најубавите дами во собранието.

Таа по професија е гинеколог, но веќе 10 години е вклучена во политиката. Таа комплименти на сметка на својот изглед добива уште од самиот почеток на својата кариера во политиката, а на прашањето на телевизија Клан дали убавината може да претставува пречка во политиката, Мерал се пожали дека во минатото многу пати била споменувана во медиумите како убава пратеничка, но многу поретко се слушале нејзините ставови и идеите за кои се залагала.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ ТВ Клан

Инаку, дамите во нашиот парламент и те како се забележителни, и тоа не само заради својот изглед, туку и поради острината на зборовите кои ги користат во одбрана на своите идеали и цели за кои се залагаат.

Маркетинг

Мерал уште од самиот почеток кога се појави на политичката сцена во Македонија важи за една од омилените и најшармантните политичарки. Таа e родена во 1975 година во Тетово и има завршено Медицински факултет. Таа е член на Демократската партија на Албанците .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button