Наши ѕвезди

Една од НАЈТАЖНИТЕ ПЕСНИ на нашата естрада – ја испеа Благица Калева по загубата на ќерката и синот

Во овие стихови е проткаена нејзината животна приказна

Advertisement

Песната „За моите очи четири“ која што ја испеа Благица Калева (родена Крстева) ги носи најтажните стихови во нашата домашна музика.

Познатата македонска пејачка на народна музика оваа песна ја испеа во својот роден град, на „Фолк-фест Валандово“, а во истата пејачката пее за ќерката Викторија и сопругот Костадин кои починаа во страшна сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш.

Advertisement

Несреќата се случи во 2002 година, а Благица (55) со оваа тажна песна повторно се врати на музичката сцена и победи на фестивалот.

Принтскрин/ Јутуб

Благица е родена 1970 година во Валандово, а моментално живее во Струмица каде живее и нејзината втора ќерка Марија.

Advertisement

На пејачката денес најголема радост и е внуката Софија која откако се роди на пејачката животот целосно и се менува.

Таа денес настапува со својот бенд, но не крие дека најубаво и е кога времето го минува со своите најблиски, посебно со внукичката.

Фејсбук/ Благица Калева

Важи за една од најпочитуваните пејачки кај нас, а долго време од својата кариера настапуваше со групата „Модус“.

Благица во 2018 година со емотивната песна „Горда мајка“ посветена на нејзината ќерка Марија победува на „Фолк-Фест Валандово“.

Фејсбук/ Благица Калева

Станува збор за уште една чувствителна и емотивна балада поврзана со нејзиниот тежок живот со која Благица повторно успеа да ги освои симпатиите на публиката.

Потсетуваме, Благица беше мажена со струмичкиот Музичар Костадин Калев – Дине кој загина во сообраќајна несреќа заедно со нивната ќерка Викторија. Во автомобилот беше и Благица која исто така беше повредена, а Викторија имаше осум години кога згасна нејзиниот живот.

Благица две години по несреќата успеа да собере сили и повторно да се врати на сцената, со песна во која пее за својата тешка судбина.

Принтскрин/ Јутуб

И токму песната и музиката на Благица и помогнаа најмногу да продолжи напред, да ги преброди тешките моменти во животот.

Таа и денес настапува и со својот милозлив глас ги опива љубителите на убавата песна, а како изгледа, погледнете во продолжение…

Фејсбук/ Благица Калева

Фејсбук/ Благица Калева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button