Една од НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ „Гранд“ ѕвезди има МАКЕДОНСКО потекло?! Еве што вели за себе
Нејзините родители по потекло се од Македонија

Ивана Павковиќ е позната српска поп-фолк пејачка родена во Бор во 1991 година, а денес живеа во Белград,
Таа од мали нозе се занимава со музика, а прв пат во „Ѕвездите на Гранд“ ќе се пријави на 15-годишна возраст.
Но Ивана тогаш нема да постигне некој поголем успех, за разлика од следниот пат кога успеа да стигне до финалето и потоа да го освои високото второ место во ова популарно музичко шоу.
Инстаграм/ Ивана Павковиќ
Таа во финалето на овој натпревар се пласираше во јуни 2011 година и на 20-годишна возраст го освои второто место.
По овој голем успех нејзината музичка кариера почна брзо да се развива, а таа досега има снимено голем број хитови.
Принтскрин/ Пинк, Ѕвездите на Гранд
Пејачката денес е мажена за Петар Митиќ, кој исто така е Гранд ѕвезда и имаат три деца, а во брак се од 2016 година.
Инстаграм/ Ивана Павковиќ
Инаку, малкумина знаат дека Ивана има македонско потекло иако таа досега многу пати тоа го има истакнато пред камерите.
Таа е горда на своето потекло и секогаш со голем мерак пее македонските песни, а во последната емисија од популарното шоу „Никогаш не е доцна“, пејачката повторно потенцираше нејзините македонски корени.
Инстаграм/ Ивана Павковиќ
Имено, по настапот на Мирослав Тодосовски Миро кој се посна од Тоше Проески ги воодушеви сите, Ивана го изјави следново:
„Според мене ја избравте најубавата песна. Мене и мајка ми и татко ми се од Македонија, ме вративте во детството и му разбудивте некои емоции. Ви се заблагодарувам на тоа, прекрасно ја испеавте оваа песна“, изјави Ивана Павковиќ презадоволна од настапот на Миро.
Инстаграм/ Ивана Павковиќ
Тие потоа заедно испеаја и една позната песна, а како изгледаше генијалниот настап на Миро во ова популарно шоу погледнете тука.
Инстаграм/ Ивана Павковиќ
Во продолжение погледнете како Ивана со мерак ја пее популарната народна песна „Благуњо дејче, пожаранче“…