Наши ѕвезди

„Една од моите најлоши навики е…“ – кога имате ваква најлоша навика каква што имал Панчо, Рајот ви е отворен дури и на земјата

Преку повеќе минати објави на фејсбук-профилот на Панчо, може да се види дека, и покрај добрината и искреноста што ја ширел, не бил мал бројот на луѓе кои не му возвраќале баш со иста мера.

Advertisement

Ако само се „разлиста“ фејсбук-профилот на Владимир Блажев – Панчо, прво што паѓа в очи се бројните хуманитарни акции и повици кон луѓе „завртете на овој број“ за да се помогне некому кој е во неволја, или кој е болен.

Добрина, и насекаде добрина и хуманост!

Advertisement
принтскрин

Но, неколку објави наведуваат да се замислиме и колкумина, покрај добрината и искреноста што ја ширел, не му возвраќале баш со иста мера.

На пример, на почетокот на март, Панчо напишал:

„Една од моите најлоши навики е тоа што се грижам за другите луѓе, дури и тогаш кога многупати ме повредиле“.

Advertisement

Или ден претходно, објавата:

„Не сме среќни бидејќи попатно сме заборавиле од каде доаѓаме, и воедно
во таа “трка” сме го изгубиле системот на вредности.
– почит
– морал
– љубов
– чесност
– искреност
– достоинство“,

Или пред тоа низа објави – „Во денешно време змиите повеќе не шиштат и не те напаѓаат. Те викаат „душо“, „бро“ или „пријател“. Внимавајте!“, „Некои луѓе сè уште ти се лути, и те окривуваат затоа што си преживеал откако те фрлиле под автобус, но автобусот всушност ги прегазил нив заедно со нивните лаги и нелојалност“…

А од друга страна тука се и објавите преку кои изразува почит кон своите постари колеги – „Секогаш остани понизен и почитувај ги оние кои го “копале” патот пред тебе“, или лојаност која толку многу му значела – „Во свет каде што лојалноста е реткост, чувајте ги оние неколкумина лојални околу вас. Тоа е непроценливо богатство кое го имате, и гледајте да не го испуштите, бидејќи ако си заминат веќе ќе ви биде доцна да ги вратите!“.

Но, преку профилот на Панчо, може да се види и како некои луѓе му го завртеле грбот.

„ Многу луѓе кои ги познавам подолго време, кога ќе добијат некаква функција – позиција се прашувам дали воопшто сум ги познавал.

Функцијата многу често ви ја открива душата, односно фрустрациите и комплексите кои сте ги потиснувале во себе, и тој синдром на нижа вредност и немоќ кој сте го осеќале.

Фотељата е менлива и минлива работа, а позицијата директор не секој достојно ја носи.

Директор во пракса треба да е лидер кој ги поттикнува вработените за да напредуваат, да бидат подобра верзија од себе, и со тоа да дадат поголем допринос на компанијата за која работат.

Директор е одлична дефиниција за спознавање на вистинското лице на една личност и сите негови фрустрации кои ги лечи преку фотељата“ – пишува Панчо.

принтскрин Фејсбук

Потсетуваме, вчера меѓу бројните познати личности кои споделија срцепарателни, тегобни, болни пораки за Панчо, и за неговата добрина како нераскинлив дел од него, е и видеопораката на глумицата Весна Петрушевска:

принтскрин инстаграм

„Отиде и Панчо… го обвинивме, а беше невин. Сам си ја сакаше својата работа. Трчаше, како сите нас, за парче леб во оваа наша земја. Работеше многу, многу, многу… сам ги договараше свирките, сам пишуваше, сам одеше по студија, сам имаше сетови диџеј, беше многу вреден“, нагласувајќи и дека Панчо бил скромен и нежен човек.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button