MAMAКафе муабет

Една куќа, а три вери – која е жената што му го освои срцето на Еди Рама

Како љубовта меѓу економистка и уметник стана симбол на хармонија и политичка стабилност во Албанија.

Advertisement

Вчера, 11 мај 2025 година, Албанија одржа парламентарни избори, а премиерот Еди Рама се натпреваруваше за историски четврти мандат. Кампањата беше доминирана од ветувања за членство во Европската унија и обвиненија за корупција. Резултатите не се официјално објавени но Рама е дефинитивно на прагот пред четврти мандат.

 

Advertisement
View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)

Advertisement

Рама, чие полно име при раѓање било Едвин Рама, е на функцијата премиер на Албанија од 2013 година, а осум години претходно застанал на чело на Социјалистичката партија на Албанија. Пред да стане претседател на Владата, извршувал повеќе важни функции, вклучувајќи ја и функцијата министер за култура, млади и спорт, како и градоначалник на Тирана во два мандата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)

Љубов на прв поглед: Како се запознале Линда и Еди

Љубовната приказна на Линда и Еди започнува во 2002 година, кога Линда, како дел од тим за изработка на извештај за човечки развој, го среќава Еди Рама, тогашен градоначалник на Тирана. Нивната прва средба била во контекст на длабоката реформа на децентрализацијата што Тирана ја започнала, и Линда била дел од тимот експерти кои го консултирале градоначалникот.

Всушност, Рама ја запознава Линда непосредно по разводот со актерката Матилда Макочи, со која има син по име Грегун,

Матилда Макочи, глумицата му беше прва сопруга на Еди, фото-принтскрин инстаграм

Линда го опишува тој период како време на интензивна соработка и професионален раст.

Линда и Еди Рама на изборите, принтскрин инстаграм

По осум години, нивната професионална врска прераснала во љубов, и во 2010 година, тие се венчале. Линда истакнува дека нивната љубов била резултат на заедничките вредности, почитта и разбирањето што ги споделувале.

Линда Рама: Профил на првата дама

Линда Рама, родена како Линда Баши на 30 декември 1964 година во Тирана, е економистка, активистка и сопруга на премиерот Еди Рама. Таа дипломирала на Универзитетот во Тирана и магистрирала на Централноевропскиот универзитет во Прага. Покрај својата академска кариера, Линда има значајно искуство во јавната администрација, вклучувајќи ја Националната агенција за приватизација. Таа е и коосновач на Центарот за промоција на човечки развој (HDPC), кој се фокусира на економски и социјални истражувања.

принтскрин

По венчавката со Еди Рама, Линда се соочила со предизвици во својата професионална кариера. Таа доброволно поднела оставки од три позиции: како директор на канцеларијата во која работела, како предавач на магистерски студии по јавна политика и како член на управниот одбор на Фондацијата Сорос.

Таа објаснува дека оваа одлука била резултат на нејзината внатрешна етика и желба да се одржи професионалната интегритетност.

Таа муслиманка, тој католик, децата православни

Освен што се бави со политика, Еди Рама е уметник (сликар), но и писател и кошаркар, и има многу интересна животна приказна која ги фасцинира многумина. Сведоци сме дека во земји со силен мултикултурализам често доаѓа до несогласувања и проблеми, но Рама и неговата фамилија покажале дека, без оглед на културните, верските и идеолошките разлики, можно е да се живее во хармонија.

Семејство Рама е пример во Албанија за тоа, бидејќи членовите на неговото семејство не споделуваат иста верску припадност.

Еди Рама, самиот католик, во неколку наврати истакнал дека неговата сопруга, Линда, е муслиманка, а двајцата постари синови се православни. Овој пример на толеранција и разбирање помеѓу различни верски групи е нешто што го прави семејството Рама посебно.

Жените се херои на нашето време

Во едно интервју за списанието „Тугедер“, Линда Рама изјави дека жените се „херои на нашето време”. Жените кои растат во сиромаштија, според неа, природно се стекнуваат со разборитост. Таа верува дека тие само треба да добијат можност, шанса и поддршка да ги остварат своите соништа и да постигнат сè што сакаат во животот.

„Само им треба можност, шанса и пружена рака да достигнат сè што сонуваат”, нагласи Линда, истакнувајќи ја важноста на поддршката и еднаквоста во општеството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)

Трагедијата која го потресе семејството

Семејството Рама не беше имуно на трагедии. Во 2019 година, земјотресот кој ја погоди Албанија одзеде многу животи, а помеѓу жртвите се најде и девојката на синот на Еди Рама, Грегор. Грегор на социјалните мрежи тогаш објави дека меѓу многуте жртви на таа трагедија, најблиска му била токму девојката на која ѝ го дал срцето, заедно со нејзината мајка, татко и брат.

Најстариот син на Рама, инаку, тргнал по стапките на својот татко, но не во насока на политиката – тој исто така е сликар и дипломирал на Академијата за уметности во Тирана.

Грегор, пред извесно време, ја победил болеста рак на тестиси, која му била дијагностицирана додека престојувал во САД кај роднини, а претпочита да не се експонира во медиумите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button