Една година по разводот како да процвета? Пејачката Анета Љумаковска се појави и веднаш го украде шоуто
Нашата позната фолк-пејачка заблеска како холивудска дива во преубавиот црн фустан
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска во последно време се почесто ги изненадува сите и со својот нов имиџ.
Имено, пејачката откако минатата година соопшти дека се разведува од својот поранешен сопруг и дека ја напушта групата „Молика“, вест што тогаш ги изненади нејзините бројни фанови, таа реши да сврти нова страница во животот, и очигледно засега тоа одлично и оди.
Тоа впрочем може да го видиме и од социјалните мрежи каде таа во последно време се почесто споделува најразлични објави.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Па така неодамна пријатно ги изненади сите кога соопшти дека започнува нова соработка со момците од „Дакапо бенд“, со кои ветуваат незаборавни настапи и нови хитови, а деновиве заедно со нив ги воодушеви сите и со нејзината нова песна со која настапи на „Роса фест“, а која што ја посвети на својот татко (види тука).
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но она што исто така привлече внимание е и нејзиното последно издание со кое Анета и овој пат никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во прашање е црниот фустан што таа го носеше и во кој го истакна своето тело, па привлече големо внимание со својот изглед.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед и речиси сите се согласни дека пејачката никогаш не изгледала подобро.
Инстаграм/ Анита Даева
Потсетуваме, Анета со својата нова „тајфа“ веќе има закажано бројни настапи, а најавува и многу нови песни и проекти.
Инстаграм/ Анита Даева
„За почеток со Дакапо снимивме проект кој е веќе на јутјуб каналот имаме многу да работиме , секако дека ќе има и нови песни нови проекти турнеи. Јас искрено се надевам дека ќе направиме многу и дека нашата публика ќе биде задоволна и ќе има што да слушни и да види“, изјави Анета неодамна за Гламур.
Инстаграм/ Анита Даева
Што сé друго ни откри Анета како за нејзиниот професионален, така и за приватниот живот, дознајте тука.