NEWSВести

Една едноставна постапка утре носи заштита и оддалечување од несреќи – го славиме светителот што не ослободува од стравовите

Верниците велат дека една едноставна постапка утре наутро носи мир, заштита и оддалечување од несреќи.

Advertisement

Православните верници утре, 19 ноември, го одбележуваат празникот на Свети Павле Исповедник, еден од најпочитуваните цариградски патријарси, човек познат по својата непоколеблива вера и храброст да ја брани вистината дури и по цена на сопствениот живот.

Свети Павле бил патријарх на Цариград, избран по препорака на блажениот патријарх Александар, кој рекол: „Ако сакате пастир кој ќе ве учи и со добродетели ќе свети, изберете го Павле.“

Advertisement

Иако народот го избрал него, аријанците, тогашната најмоќна ерес, се противеле. Повеќепати бил протеруван, а на крајот маченички убиен, удавен со својот омфор во 351 година. Подоцна неговите мошти биле пренесени во Цариград, а денес почиваат во Венеција.

Чиј заштитник е Свети Павле Исповедник?

Свети Павле се смета за заштитник на:

луѓето што се соочуваат со неправда и прогон,

оние што бараат сила да ја одбранат вистината,

семејства во расправии и конфликти,

луѓе што се обидуваат да се ослободат од духовен немир и стравови,

свештеници и сите што служат на Црквата.

Верниците велат дека молитвата упатена кон овој светител носи посебен мир и заштита во домот, а избавува со стравови.

Што треба да се направи утре?

Обичајот вели дека веднаш штом ќе станете, пред да зборувате со некого, пред да го испиете кафето, пред да се фатите за телефонот треба да ја изговорите молитвата на Свети Павле Исповедник.

Се верува дека оваа молитва оддалечува несреќи во домот и кавги, донесува спокој, јасни мисли и благослов во домот, ја зацврстува верата и го штити човекот од неправда.

принтскрин јутјуб

Кратка моќна молитва до Свети Павле Исповедник

„Свети Павле Исповедниче, заштити ме од секоја неправда, одалечи ја несреќата од мојот дом и испроси ми мир, сила и Божја милост. Чувај ги моите најблиски и води ме по патот на вистината. Амин.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button