Една добра и една лоша вест за омилениот маркет на Македонците – Лидл се соочува со проблеми?!
Познатиот бренд на удар заради својата апликација?!

Еден од најпознатите маркети се соочува со сериозни проблеми
Еден од најпознатите германски маркети, „Лидл“, кој наскоро треба да ги отвори првите продавници и во Македонија, во својата матична земја се соочува со сериозни обвинувања, пишуваат германските медиуми.
Компанијата е обвинета од страна на германските здруженија за заштита на потрошувачите дека манипулира со потрошувачите.
Според овие здруженија, околу 100 милини корисници на апликацијата „Лидл плус“ која што ј имаат симнато на своите паметни телефони, не се доволно информирани како се користат нивните податоци.
Во извештајот објавен во „Lebensmittel Zeitung“, пишува дека Сојузното здружение за заштита на потрошувачите го вклучи Вишиот суд во Штутгарт, а обвинението гласи – недоволни информирање за користење на личните податоци на корисниците на апликацијаta.
Критиката се однесува на тоа дека при регистрација во „Услови за користење на Лидл плус апликацијата“ нема доволно информации за начинот на кој ќе се користат личните податоци.
Принтскрин/ Јутуб
Не е сé така црно…
Инаку, ова обвинување следуваше само неколку дена откако Лидл реши на своите клиенти да им овозможи нова поволност.
Како што објави Билд, во сите 3.250 маркети на Лидл во Германија досега сите можеле да подигнат и готовина на касите, но само доколку потрошат најмалку 5 евра. Со новата промена, оваа сума е намалена на 0.99 центи.
Голема промена за потрошувачите
Со оваа промена Лидл се изедначи со својата конкуренција – од неодамна и во маркетите Алди Норд постои слична можност за подигање на готовина и за сметките од 1 евро.
Според истражувањето на „Билд“ и многу дрогерии и други супермаркети ја нудат истата услуга и тоа за сума од само 1 цент.
Принтскрин/ Јутуб
Како функционира ова
Во Германија денес може да подигнете готовина во многу супермаркети, тоа без разлика од која банка сте.
Се што треба да го направите е да го наведете износот на благајната, да ја покажете картичката и толку. Со оваа услуга може да подигнете до 200 евра, но исто така мора и нешто да купите.
Принтскрин/ Јутуб
Наскоро Лидл и во Македонија?
Потсетуваме, според објавите во медиумите, малопродажниот синџир на маркети Лидл, кој е дел од германската групација Шварц, наскоро се очекува да започне со работа и во Македонија.
Како една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа, Лидл планира да отвори неколку маркети и во нашата земја, а како најпознато место каде во блиска иднина ќе заблеска нивното лого е некогашниот Бриколаж.
Но покрај оваа локација, Лидл планира да отвори десетина маркети низ цела држава, а повеќе за ова прочитајте тука...