Реклама
Блогерија

GRAY IS THE NEW BLACK – street style едиторијал со нашата модна блогерка Марија

Реклама

Новата модна заповед вели дека сивата боја можеме да ја носиме со сé оваа сезона бидејќи е еден од водечките трендови.

Токму во овој контекст во соработка со интернет продавницата Trgvoski.mk, модниот бренд Астибо и македонските модни блогерки го направивме и едиторијалот Gray is the New Black. Станува збор за неутрална боја која можете многу лесно да ја комбинирате со други бои, и без разлика дали ќе изберете фустан или здолниште кои ќе ги носите со сандали со високи потпетици за вечерен изглед или сив капут во комбинација со фармерки, рамни обувки и црна чанта, со оваа боја дефинитивно ќе го подигнете вашиот секојдневен стил.

Маркетинг

Модната блогерка Марија која што стои зад модниот блог „Fabulous is Freedom“ преку овој едиторијал ни покажа како да носиме капут со етикетата на познатиот македонски бренд Астибо со другите хај-стрит брендови. Основата во оваа едноставна, но интересна и модерна комбинација се темели на тесните фармерки кои што Марија ги носи со подвиткани ногавици и во комбинација со  црна блуза и преубавиот капут во сива боја. Комбинацијата  е зачинета со кафеави рамни обувки и црна чанта така што претставува одличен избор како за дневна прошетка и шопинг, така и за непланирана вечера со пријателките или саканиот.

Маркетинг

Марија носи: Капут од Астибо (кликни тука и види ја цената на овој капут), фармерки од Bershka и чанта од Accessorize.

Едиторијалот е направен во соработка со Астибо и македонските модни блогерки Елена од shybutsecretlyfab, Марија од fabulousisfreedom и Сара од sarasimplified. Фотограф: Сара Ацевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button