Фитнес

Единствените 4 вежби што ви се потребни за силен и рамен стомак

Во продолжение ги издвојуваме четирите најефикасни вежби за рамен и силен стомак, кои може да се изведуваат дома, во теретана или дури и во комбинација со некои современи методи како што е EMS (електромускулна стимулација), која станува сè попопуларна меѓу оние кои сакаат резултати со помалку изгубено време.

Advertisement

Со доаѓањето на потоплите денови, фокусот природно се пренасочува кон обликување на телото, особено на стомачните мускули. Наместо часови кардио или бескрајни сетови во теретана, понекогаш е доволно да се вратите на основите – но да ги изведувате правилно и доследно.

Во продолжение ги издвојуваме четирите најефикасни вежби за рамен и силен стомак, кои може да се изведуваат дома, во теретана или дури и во комбинација со некои современи методи како што е EMS (електромускулна стимулација), која станува сè попопуларна меѓу оние кои сакаат резултати со помалку изгубено време.

Advertisement

1. Плaнк

Основна, но неверојатно ефективна вежба. Го активира целиот core, го подобрува држењето и издржливоста.

Изведба:

⦁ Потпрете се на подлактици и прсти.
⦁ Телото нека биде во права линија.
⦁ Дишете рамномерно и држете ја позицијата минимум 30 секунди.

Advertisement

2. Подигање на нозе

Одлична вежба за долниот дел од стомакот, кој често е најтврдоглав.

Изведба:

⦁ Легнете на грб, рацете покрај тело.
⦁ Подигнете ги нозете исправено кон таванот и потоа спуштајте ги полека.
⦁ Контролирајте го движењето – без замав.

3. Ab rollout

Вежба за понапредни, која бара стабилност и сила.

Изведба:

⦁ Клекнете и држете аб тркало.
⦁ Полека тркалајте го напред, колку што ви дозволува телото.
⦁ Вратете се назад со контрола.

4. Руски ротации

За странични стомачни мускули и дефинирање на струкот.

Изведба:

⦁ Седнете со благо подигнати стапала.
⦁ Ротирате го торзото лево-десно, со или без тежина.
⦁ Затегнете го стомакот во текот на целата вежба.

Додека редовната физичка активност е основа за здраво тело, сè повеќе луѓе денес се одлучуваат и за нови фитнес технологии како EMS, кои овозможуваат длабока мускулна активација за само 20 минути тренинг. Оваа метода може да биде корисна поддршка, особено за оние со динамичен начин на живот, или како дополнување на веќе воспоставена рутина.

Kога се комбинира дисциплина со технологија – резултатите се загарантирани!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button