Наши ѕвезди

Единствената пејачка од нашата естрада без скандали – Македонците ја обожаваат оваа скромна дама

„Сакам секој пат да оставам добар впечаток и бел образ пред моите деца и пред мојот сопруг“, вели Елена

Advertisement

Познатата етно-фолк пејачка Елена Андоновска е една од ретките наши ѕвезди која својата кариера ја гради без скандали.

Таа е број еден кога е скромноста во прашање, а таков е и нејзиниот стил со кој е препознатлива на нашата сцена.

Advertisement

И за разлика од многу колешки, но и големи светски ѕвезди, Елена речиси секогаш носи скромни креации, но во кои многу често знае да изгледа како модните икони што ги гледаме на Инстаграм.

Таа знае како да ги избере вистинските парчиња за себе, а за својот стил вели дека сака да изгледа достоинствено.

„Како жена сакам да им оставам добар пример на моите деца, за тоа како треба да изгледа жена и мајка“, изјави пејачката неодамна во емисијата „Кафе муабети“ со водителката Виолета П. Периќ.

Инстаграм/ Елена Андоновска

„Сепак имам машки деца, можеби тука се крие и дел од одговорот на прашањето што се случува со мене и во поглед на сценските настапи. Јас не смеам да ги разочарам моите деца никогаш, морам да внимавам и секој пат да бидам достоинствена, бидејќи сепак се тие на возраст каде што може нивните другарчиња да им кажат ја видовме мајка ти, вака изгледаше“, сподели Елена во интервјуто.

„Сакам секој пат да оставам добар впечаток и бел образ пред моите деца и пред мојот сопруг“, додаде таа.

Па кликнете тука „субскрајб“ и погледнете ја целата епизода со Елена на официјалниот Јутуб канал на Гламур.

Голем концерт на 15 декември

Потсетуваме, Елена на 15 декември ќе го одржи својот голем солистички концерт „Запеало славеј пиле“.

Концертот ќе биде вистинско музичко доживување за сите љубители на македонската изворна и модерна фолк музика.

На сцената во Македонската опера и балет публиката ќе биде во можност да ужива во нејзиното најавтентично издание – со мешавина од традиционални изворни песни, преку новокомпонирани фолк хитови и изненадувања со кои пејачката ветува незаборавна вечер за љубителите на убавата македонска песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button